ОЈО ги отфрли кривичните пријави за Џафери и пратениците кои гласаа во скафандери

Facebook
Twitter
Email
Print


Основното јавно обвинителство ги отфрли кривичните пријави кои политичките партии Левица и ВМРО-ДПМНЕ ги поднесоа против пратениците Бисера Костадиновска од СДСМ и Мирослав Богдановски од ДОМ кои позитивни на корона влегоа во парлементот со скафандери со цел да гласаат на собраниска седцина. Отфрлени се и пријавите против претседателот на Парлементот, Талат Џафри кој дозволи заразените пратеници да влезат во институцијата.

Кривичните пријави беа пореади непостапување според здравствените прописи и протоколи за време на епидемија и за пренесување заразна болест. Сепак, според Обвинителството протоколите од Комисијата за заразни болести биле испочитувани и спикерот и двајцата пратеници не прекршиле ниту еден пропис.

„Собранието достави известување во кое се наведува дека двајцата пратеници на денот на одржување на седницата, дошле во Собранието без клиничка симптоматологија со сопствен превоз. Влезот, движењето и сместувањето во просториите за гласање, како и излезот на пратениците биле спроведени во согласност со одобрените протоколи од страна на Комисијата за заразни болести. И при извршениот инспекциски надзор од Државниот инспекторат за труд било констатирано дека нема забелешки“, велат од ОЈО.

Партиите имаа можност за жалба на донесената одлука во наредните 8 дена.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи