Наш гостин во ова издание на Инфо Регион е Сашко Поповски, претседател на Фото кино клубот „Прилеп“ кој е единствен фото клуб во Македонија кој работи со обука на млади. Пред 2 дена клубот ја одржа својата 8-ма по ред изложба на уметничка фотографија „Јордан Зазовски – Зазо“ во домот за култура „Марко Цепенков“ на која учествуваа 59 автори со 64 фотографии, а жирото имало тешка задача да избира помеѓу 400 фотографии. Изборот оваа година поради пандемијата се случувал онлајн. Тематиката за оваа изложба е слободна.
Оваа година поголемиот дел од фотографиите биле празни улици, празни места и плоштади или луѓе со маски, затворени во своите домови, за што секако инспирација била пандемијата.
Клубот работи во состав на Народна техника и моментално брои околу 200 членови, од кои 70-тина се активни. Клубот постои 60-тина години, во еден период настанува пауза во работењето од околу 20 години, за да пред 10 години истиот биде повторно возобновен. Членството во клубот е бесплатно и нема возрасна граница кој се може да биде дел од него.
Прилеп поседува голем број млади таленти кои имаат афинитети за оваа уметност, кои имаат освоено голем број не самоп домашни туку и меѓународни награди, а дел од нив сега работата и како професионални фотографи во странство. Членовите постојано посетуваат семинари за обука, а во Прилеп понекогаш доаѓаат и врвни светски фотографи за да ги подучуваат младите.
Во клубот младите можат да видат и како се вади фотографијата на оној стар начин, во лабораторија, на црно – бел филм.
Повеќе за Фото кино клубот „Прилеп“ и како се развива оваа уметност во градот под Марковите Кули погледнете во интревјуто.