ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: Наместо СДСМ да им се извини на граѓаните, тие ја потценуваат интелигенцијата на народот

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Наместо СДСМ да им се извини на граѓаните, за залудно потрошените три и пол години во неработење и преспивање на мандатот, истите решиле да ја потценуваат интелигенцијата на народот. Велат во денешното писмено соопштение од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, кое доаѓа по прес конференцијата на Еленче Ташкоска, претседател на Совет на Општина Прилеп.

Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп ја проследуваме во целост.

„Најдоброто за нашата општина Прилеп е градоначалникот Илија Јованоски и локалните функционери од редовите на СДСМ, да си заминат час поскоро. За жал, СДСМ и понатаму продолжува со веќе видената ЌЕ реторика, дека нешто ќе изграделе, ќе направеле, ќе решавале некакви проблеми иако имаа доволно време да се позанимаваат со тоа. Граѓаните сведочат дека во изминатите години, локалната власт на чело со Илија Јованоски, освен неколку прескапо платени проекти, не реализира речиси ништо од ветеното.

Што се случи со долго најавуваниот спортско рекреативен центар со затворен базен? До каде е изградбата на новиот театар, реконструкцијата на прилепската чаршија, долго најавуваната гасификација, до каде се економските политики и отворањето на нови работни места? СДСМ да излезат пред граѓаните и да кажат една, барем една донесена инвестиција и отворена фабрика во нивно време.

Нека си ја отворат предизборната кампања од пред 4 години и таму ќе го најдат одговорот зошто ќе доживеат дебакл на идните локални избори.

Ваквите пресконференции со кои се потценува интелектот на граѓаните се само обичен крик во знак на немоќ за големиот пораз со кој ќе се соочат на претстојните локални избори. После тоа, новата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се обврзува да го врати Прилеп на правиот пат, затоа што Прилеп и прилепчани го заслужуваат тоа“, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи