Во врска со бугарскиот весник „24 часа“ кој објави дека во однос на јазикот, од премиерот Зоран Заев била предложена формулација „Говориме ист јазик, но меѓународно признат како два различни” , Владата на Македонија негира дека било предложено решение за јазикот.
„За време на работни средби обезбедивме унапредување на меѓусебната доверба и дијалогот меѓу Северна Македонија и Бугарија. Овој позитивен исчекор ни овозможи да разговараме за можностите за решенија за што добра основа е португалскиот предлог. Решенијата мора да водат грижа за двете страни.Такви решенија се можни, за да се дојде до нив неопходен е дијалог, а сега еве и дијалогот е повторно на маса. Оттука, не се точни шпекулациите за наводни формулации за решенија кои се споделуваат низ дел од медиумите”, велат од Владата.