Давид Гета кој е еден од најуспешните продуценти на електронската музика, со хитови како Titanium, I Got A Feeling и Hey Mama, ги продаде своите песни на Warner Music за огромна сума.
Гета се согласил да продаде песни за околу 100 милиони американски долари, што ги вклучува и неговите идни снимки, соопштуваат од Би-Би-Си.
52 годишниот диџеј продаде 50 милиони плочи и собра повеќе од 14 милијарди стримови, а соработуваше со Ријана, Бруно Марс, Џастин Бибер, The Black Eyed Peas, Ники Минаж и Сиа.
Кариерата ја почнал како диџеј во Париз и Ибица, а првиот број еден хит во Велика Британија го имаше во 2009.