Прилепчанката Пуликсенија Јованоска е седмиот македонски спортист кој што ќе учествува на летните Олимписки игри во Токио кои што ќе се одржат од 23 јули до 8 август 2021, објави Македонскиот олимписки комитет.
Јованоска ќе настапи на 5 август во Нипон будокан салата (Nippon Budokan), со почеток во 10:00 часот по јапонско време (3:00 наутро по македонско време).
Прилепчанката доби вајлд-карта за учество на ОИ во кати, така што македонското карате доби учесник на премиерниот настап на Олимписките игри.