Прилепчанка тешко повредена откако била удрена од непознато возило


На 16.06.2021 во 14.10 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во Градската болница Прилеп била донесена Б.С.(79) од Прилеп со тешки телесни повреди здобиени во сообраќајна незгода.

Во разговор со полициски службеници таа изјавила дека околу 12.30 часот на 14.06.2021 на ул,,Трајко Сандански“ во Прилеп била удрена од непознато возило, но не го пријавила случајот и не отишла на лекарски преглед.

За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи