Трет ден по ред 1 новозаразен од корона во Прилеп


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 3.680 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на КОВИД-19 од:

Скопје – 7, Куманово – 4, Крива Паланка – 3, Прилеп, Охрид, Струмица, Тетово и Кичево – по 1.

Регистрирани се 14 оздравени пациенти од:

Скопје – 6, Куманово -5, Тетово – 2  и Кичево – 1.

Регистрирани се две починати лица: од Скопје (80г) и Куманово (73г).

Пациентите се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 848.334 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.612, бројката на оздравени пациенти е 149.722, на починати е 5.474, а бројот на активни случаи изнесува 416.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи