Пандев денес против Холандија го игра последниот меч и става крај на својата репрезентативна кариера

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев објави крај на својата репрезентативна кариера.

Пандев објави дека мечот со Холандија на Европското првенство ќе му биде последен во националниот дрес. Пандев го даде деби голот за Македонија на Еуро 2020.

„Ова е мој последен меч за Македонија. Мислам и јас и моите колеги, на чело со селекторот Ангеловски направивме нешто што не знам дали некој ќе го направи. Мислам дека сега после ова Европско првенство е вистински момент да се повлечам. Сакам да им посакам на моите соиграчи пласман на СП. Може да ни донесат многу радости на цела Македонија, зашто се работи за квалитетни играчи, кои играат во големи тимови и заслужуваат да играат на едно СП“, рече Пандев.

Пандев вели дека ја остава репрезентацијата во сигурни раце, додека неговото место во македонскиот фудбалски фолклор е засекогаш осигурано.

Пандев имаше 18 години кога дебитираше за репрезентацијата на 6 јуни 2001 во Анкара, против Турција во квалификациите за Светското првенство 2002 во Јапонија и Јужна Кореја (3:3). Селекторот Ѓоре Јовановски го пушти во игра во 66. минута на местото на Арџент Беќири.

Со двата гола против Шпанија во август 2009 го надмина Ѓорѓи Христов (16) и стана најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата.

На 12 ноември 2020, Македонија обезбеди пласман на ЕП откако Пандев го постигна единствениот гол против Ерменија во финалето на баражот на Лигата на нации.

Тој уште еднаш се запиша во историјата на македонскиот фудбал кога против Австрија го даде првиот гол за Македонија на европските првенства.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи