ВИДЕО – Големо невреме во реонот на селата Бучин-Воѓани-Бела Црква-Обршани


Попладнево големо невреме го зафати реонот на селата Бучин, Воѓани, Бела Црква, Обршани и другите околни населени места. Невремето кое траело 15-тина минути донесе град со големина орев. Жители на селата кои до редакцијата на Инфо Компас доставија видео и фотографии велат дека е причинета голема штета на земјоделските посеви. За поконкретни детали што и колку е оштетено ќе се знае во текот на утрешниот ден.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи