Кинезите ја покажаа внатрешноста на нивната вселенска станица – пристигнаа и првите астронаути


Кинеските астронаути пристигнаа во нивната нова вселенска станица во орбитата на Земјата, што докажува дека Кина се наметнува како нова вселенска сила.

Вселенското летало Шенжу 12 со тројца астронаути полета во четвртокот, а пристигна во станицата 7 часа по полетувањето, со што станаа и првите привремени жители на таа станица. Тие ќе поминат вкупно 3 месеци во истата правејќи разни експерименти, а за оваа мисија и успехот на истата, астронаутите поминале вкупно 6.000 часа обука. Во октомври кон станицата би требало да заминат уште тројца астронаути.

Централниот модул на кинеската вселенска станица има одвоени простории за живот за секој астронаут, лента за трчање и велосипед за вежбање, како и комуникациски центар.

Составувањето и изградбата на станицата започна пред два месеци со лансирањето на најголемиот модул, а треба да биде комплетирана наредната година, кога треба да бидат лансирани и споени уште 2 модули.

За 2022 година се планирани уште два товарни лета и две мисии со екипаж.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи