Регулаторната комисија за енергетика ја донесе својата најнова одлука според која малопродажните цени на нафтените деривати во нашата земја повторно поскапуваат.
Во согласност со тоа од ноќеска на полноќ бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поскапуваат за еден денар, додека цената на Еуродизелот ќе се зголеми за половина денар. Според ова, во текот на следната недела Еуросупер БС-95 ќе се точи за 69,50 денари, Еуросупер БС-98 ќе чини 71,50 денари, а Еуродизел ќе се продава за 62 денари по литар гориво.