Во периодот од 18 до 20 јуни 2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена засилена контрола во областа на сообраќајот, при што било констатирано дека 134 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, 41 возач управувале возило без возачка дозвола, 15 возила биле со измината регистрација, осум возачи разговарале на мобилен телефон.
Изречени се 41 мерка за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај.
За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.