Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=8
Во Прилеп и регионот, температурата ќе се движи од 14 °C до 32 °C.
Денес во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од утре под влијание на многу топла воздушна маса од југ, времето ќе биде стабилно и многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Утре насекаде ќе бидат над 30, а во следните денови во повеќе места над 35, додека во најтоплите делови од земјата ќе достигнат околу 40 степени.