Сојуз на средношколци: Срамно е да се наплаќаат свидетелства


Сојузот на средношколци на чело со новиот претседател Лука Павиќевиќ одржа пресконференција пред МОН.

„Бараме државниот просветен инспекторат да ги објави имињата на четирите средни училишта во кои се спроведени инспекциите по ова прашање. Ги поздравуваме извештаите, но не интересира по која методологија дошле до тие наоди“, вели Павиќевиќ.

Воедно, Павиќвиќ порачува до училиштата кои наплатиле за свидетелства да ги вратат парите назад.

„Денеска сакаме и директно да им се обратиме на училиштата со порака – вратете им ги парите на учениcите, срамота е да се земаат пари за свидетелства, посебно во година со неквалитетна онлајн настава“,  истакна Павиќевиќ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи