Филипче: Не планираме рестрикции заради индискиот сој, а локалите не се место каде што се шири заразата

Facebook
Twitter
Email
Print


Денеска министерот за здравство Венко Филипче рече дека не се планираат рестрикции заради индискиот сој.

„Не планираме рестрикции бидејќи не гледаме никаков ризик од ширење на индискиот сој во земјава“, вели Филипче.

Досега кај двајца сограѓани вратени од Ирак, беше регистриран новиот попренослив сој на вирусот.

Воедно, Филипче смета дека отворањето на угостителските мерки и организирањето на забави нема да предизвика ширење на корона вирусот.

„Локалите не се место каде може да се шири заразата, затоа што тие се полни 50 % од просторот. Јас верувам дека се почитуваат протоколите и засега состојбата е мирна“, вели Филипче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи