Ако училиштата не ги вратат парите за наплатени свидетелства, пријавете до народниот правобранител на 0800 88 500


Народниот правобранител со апел до граѓаните на кои нема да им бидат вратени парите за наплатени свидетелства да се обратат на бесплатната телефонска линија за деца 0800 88 500, за заштита на нивните права.

„Народниот правобранител повикувајќи се на уставно загарантираното право на образование кое согласно законската регулатива е задолжително и бесплатно, укажува надлежните органи – Министерството за образование и наука и Државниот просветен инспекторат веднаш да ги предупредат училиштата дека не смеат да наплаќаат за издавање на овој документ, и да ги санкционираат сите субјекти кои ќе го сторат тоа, односно ќе го прекршат законот“, велат од канцеларијата на Насер Зибери.

Претседателот на Сојузот на средношколци Лука Павичевиќ вчера на прес-конференција повтори дека станува збор за 4 училишта кои ги наплатија свидетелствата и тоа: средните училишта за економија и за медицина од Тетово, гимназиите „Зефљуш Марку“ во Скопје и „Мирче Ацев“ во Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи