ВИДЕО – Изворот Леково кај Прилеп повторно загаден, државата не презема ништо, денеска нов протест на жителите

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Жителите на викенд населбата околу вештачкото езеро во Прилеп по втор пат излегоа на протест блокирајќи го патот. Обвинуваат дека поради ископот на мермер во рудникот на фирмата Марибел се случува еколошка катастрофа на изворот Леково, чија вода пак влегува во цевководот од кој Прилеп се снабдува со вода за пиење. Револтирано велат дека ниту една институција не сакала да преземе ништо иако мермерот се копа на само неколку стотини метри од изворот.

„Изворот во овој момент дека ќе се изгуби е сигурно. Таа вода веќе е пробиена, внатре има бело брашно, а пред некој ден имаше и жолта вода. Тоа е опасна работа, а сите тука викендици, куќи во кои живеат луѓе, пијат и готват од таа вода. Значи никој не иде да кажи дали е исправна водата“, рече Зоран Тодороски, жител на викенд населбата.

Жителите се плашат дека ако продолжи ископот на мермер можно е да се случи дури и да се изгуби водата од изворот. Велат дека претставки за добивањето на оваа концесија правеле уште пред околу 10 години, но институциите и тогаш и сега биле глуви.

„ А да дојде до оваа работа, сега што почнаа и чешмиве да течат со жолта вода, значи веќе е алармантна состојбата“, истакна Горан Тасески, жител на викенд населбата.

Сопственикот на рудникот, Блаже Тодороски, кога беше на првиот протест рече дека загадувањето не било од неговиот рудник, туку можеби од некој од другите рудници во околината затоа што тие при ископот не минирале, а загадувањето се јавувало само при минирање.

Од прилепски „Водовод“ се обратиле до Министерството за економија кое ги дава концесиите, но според нив не добиле соодветен одговор и затоа бараат повторен увид затоа што и од Министерството биле на сличен став со сопственикот.

„Заматувањето на водата, промената на органолептички својства, издашноста на изворот „Леково“ е како резултат на експлоатацијата на руда од страна на претпријатието „Марибел“, кое што се наоѓа во непосредна близина на Лековскиот извор, односно на 100 до 130 метри, додека останатите претпријатија кои што експлоатираат руда се на 2 километри оддалеченост, што воопшто не е приближно исто“, изјави Емил Јанески, директор на ЈКП „Водовод и Канализација“ – Прилеп.

Жителите пак се закануваат со порадикални протести ако држават не го реши овој проблем.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи