Дополнителна владина седница во 17 часот за воведувањето на еколошката такса

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Владата во 17 часот закажа дополнителна седница каде единствена точка на дневен ред ќе биде воведувањето на еколошката такса. Поскапување на цените освен за бензинот и дизелот за 3,5 денари ќе има и за мазутот и на екстра лесното масло.

Министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата „Економски магазин“ што се емитува на Алсат, потврдува дека денеска ќе се одучи воведувањето на еколошката такса, како неопходна за зелената агенда кон која се стреми Владата.

„Ќе имаме уште една владина седница, во текот на денот или во доцните часови кога ќе се усвои одлуката за зголемување на еко-таксата која ќе биде околу 3,5 денари за одредени деривати и 3,1 денар за дериват кој помалку загадува. На овој начин ќе продолжиме во насока на зелената агенда како влада на Македонија“, рече Бектеши.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи