Како да се заштитите од високите температури?

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Деновиве Македонија ќе биде под удар на топлотен бран. Температурите кои се најавуваат ќе бидат натпросечни за овој период од годината а најтопло се очекува да биде во четврток и петок за кога се очекуваат 40 степени.

Препораките на надлежните се да внимавате и да се заштитите. Пијте повеќе вода, не излегувајте од дома во најтоплото ако немате потреба.

Општите препораки на Институтот за јавно здравје се:

Да се избегнува директно изложување на сонце, особено од 11 до 17 часот;

Да се носи лесна облека, заштитни очила и капа;

Да се конзумира лесна храна и пијалоци да се избегнуваат термички подготвени производи, како на пример мајонез од домашни јајца и внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови;

Да се пие повеќе вода и сокови и да се избегнуваат алохолни пијалоци;

При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри;

Хроничните болни лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари;

Се препорачува за време на овие многу топли денови да се остане во затворени простории, главно климатизирани.

Најзасегнати пациенти од зголемувањето на температурите се  болните со хипертензија, срцеви болести, бронхијална астма, хроничен бронхитис, опструктивна хронична пнеумопатија, дијабетес, тиреотоксикоза, инсуфициенција на бубрезите, ментални и нервни болести, како паркинсонова, алцхајмерова болест, шизофренија, деменција.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи