Пет нови случаи на ковид-19, едно починато лице

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починало едно лице од Кичево на 39 години.

Во последните 24 часа, се потврдени 5 нови случаи на Ковид-19, односно, 3 случаи се регистрирани во Скопје и по 1 случај е регистриран во Куманово и Тетово.

Регистрирани се 8 оздравени пациенти, односно од Скопје и Тетово – по 2 и по 1 од Кичево, Гевгелија, Валандово и Демир Хисар.

Досега во земјава се направени вкупно 861.692 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.466 тестови.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.645, бројката на оздравени пациенти е 149.916, на починати е 5.478, а бројот на активни случаи изнесува 251“, стои во соопштението на МЗ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи