Владата во 17 часот закажа дополнителна седница каде единствена точка на дневен ред ќе биде воведувањето на еколошката такса. Поскапување на цените освен за бензинот и дизелот за 3,5 денари ќе има и за мазутот и на екстра лесното масло.
Министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата „Економски магазин“ што се емитува на Алсат, потврдува дека денеска ќе се одучи воведувањето на еколошката такса, како неопходна за зелената агенда кон која се стреми Владата.
„Ќе имаме уште една владина седница, во текот на денот или во доцните часови кога ќе се усвои одлуката за зголемување на еко-таксата која ќе биде околу 3,5 денари за одредени деривати и 3,1 денар за дериват кој помалку загадува. На овој начин ќе продолжиме во насока на зелената агенда како влада на Македонија“, рече Бектеши.