Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ=9
Во Прилеп и регионот, темепературата ќе се движи од 16 °C до 37 °C.
УХМР со актуелно предупредување:
Продолжува периодот на многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината. Во следните денови во повеќе места температурите ќе бидат над 35 степени.
Најтопло ќе биде утре и во петок кога температурата на места особено на југоистокот ќе го надмине и 40-тиот степен и ќе биде активирано портокалово, а во некои делови и црвено ниво на опасност од високи температури.