Пасошите кои ќе се издаваат од први јули ќе бидат со новото уставно име Република Северна Македонија, потврдиле од МВР за Фокус.
„Што се до однесува за прашањето за рокот на важење на личните документи (лични карти, пасоши и возачки дозволи) со старото име, истите ќе важат согласно законската регулатива и тоа пасошите и возачките дозволи ќе треба да се заменат најкасно до 12.02.2024 година, додека за важноста на личните карти ќе бидете накнадно известени затоа што Законот за лична карта сеуште е во собраниска процедура“, велат од МВР за „Фокус“.