На 22.06.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена засилена контрола во областа на сообраќајот.
Притоа било констатирано дека 5 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, 19 возачи управувале возило без возачка дозвола, 5 возила биле со измината регистрација, 12 возачи разговарале на мобилен телефон, 1 возач управувал возило под дејство на алкохол и бил исклучен од сообраќај.
За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.