Филипче: Наставниците ќе бидат приоритет во следниот период за вакцинација


Министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања денеска смета дека во моментов нема ризик од нов бран на пандемијата со Ковид-19, но порачува на внимателност и најавува забрзано темпо на вакцинација, во кој процес сега приоритет ќе имаат наставниците.

„Засега нашата проценка, сите анализи што ги правиме состојбата во околните земји, укажува дека некој голем ризик од нов бран сега во близок временски период  нема, но тоа не значи дека не треба да бидеме внимателни и будно да ја  следиме состојбата.

Има случаи на заразени граѓани дури и вакцинирани  во некои земји со индискиот сој, а тоа што е добро е дека во огромен процент над 97, 98 %, тие случаи не бараат хоспитализација, што значи дека клиничката слика е послаба.  Затоа сеги следи навистина едно навистина забрзано темпо на вакцинација  ширум државата во сите пунктови“, вели Филипче.

Филипче најави дека на вакцинација во наредниот период приоритет ќе имаат наставниците за да можат училиштата да почнат со работа.

„Во однос на вкупниот број на наставници беа вакцинирани сите наставници кои работеа со физичко присуство, односно наставниците од прво до трето одделение. Тоа, посочи, е една третина од вкупниот број на вакцинирани наставници. На другите не дававме приоритет заради тоа што работеа во домашни услови. Сега по истиот систем на повикување, организирано ќе бидат вакцинирани други. Најприоритетна група се за да можат училиштата да почнат да работат“, рече Филипче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи