Централите на јаглен и фосилни горива ќе бидат затворени до 2028 година, а за нивна замена се планирани инвестиции во 2.200 мегавати од обновливи извори, изјави вчера премиерот Зоран Заев во тв емисија.
„Планот за затворање на јаглените и фосилните централи е димензиониран до 2028 година. Во зелениот план имаме околу 1.600 мегавати од фотоволтаици и околу 600 мегавати од ветерници. Зборуваме за 2.200 нови мегавати обновливи извори на енергија“, рече Заев.