Собранието на Република Македонија локалните избори ќе ги распише на крај на јули или почетокот на август, најави на денешниот брифинг со новинарите претседателот на Собранието, Талат Џафери. 17 октомври 2021 се најавува како оптимален датум за одржување на првиот изборен круг.
Односно, во последните 90 дена, најрано 70 дена од истекот на мандатот на градоначалниците.
Џафери не потврдува дека изборите ќе ги закаже за 17 октомври, ама тој датум засега се чини најизвесен бидејќи веќе на 18 октомври ќе им истече мандатот на повеќето досегашни власти во локалните самоуправи.
Од друга страна, ако изборите бидат распишани за 17 октомври, тогаш почетокот на изборната кампања, која трае 20 дена, ќе се совпадне со пописот, кој треба да заврши на 30 септември.
Џафери изјави денес дека ќе почека известување од ДИК кога им завршуваат мандатите на локалните власти и согласно со тоа следниот месец ќе донесе одлука околу тоа кога ќе ги распише и кога да се одржат локалните избори.