Во последните 24 часа направени се 3 239 тестирања, а регистрирани се 9 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје и Кичево – по 3, Битола, Штип и Дебар – по 1.
Регистрирани се 13 оздравени пациенти од: Куманово – 4, Скопје – 3, Виница – 2, Прилеп, Тетово, Штип и Кичево – по 1.
Регистрирани се 3 починати лица од: две починати лица од Скопје (86г) и (70г) и едно починато лице од Тетово (65г). Сите пријавени се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 867.233 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155 663, бројката на оздравени пациенти е 149 946, на починати е 5 484, а бројот на активни случаи изнесува 233.