Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција казнила вкупно 156 мотоциклисти. Од нив 102 возачи немале заштитна кацига, а 33 немале возачка дозвола, oдносно потврда за положен возачки испит, додека пет мотоцикли не биле регистрирани.
Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Битола – 28, потоа на територијата на СВР Скопје – 22 и по 21 на териториите на СВР Тетово, СВР Велес и СВР Струмица.