Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. УВ=9
Во Прилеп и регионот, температурата ќе се движи од 18 °C до 37 °C.
УХМР со актуелно предупредување:
Денес ќе се задржи многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината. Tемпературата на места во југоисточниот дел од земјата ќе го надмине 40-тиот степен и ќе биде активирано портокалово, а во јужновардарскиот регион црвено ниво за опасност од високи температури.