На 24.06.2021 Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 330 возачи.
Од нив, 39 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 6 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.