До 15 јули сите пријавени ќе бидат вакцинирани, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Сто илјади вакцини од производителот „Фајзер“ кои стасуваат денеска попладне ќе бидат распределени во големите центри за имунизација и тоа во 8 центри во земјата каде што има фрижидери за нивно чување. А кинеските вакцини на „Синовак“ ќе ги има и во големите и во малите центри за имунизација.
Списокот на пријавени за вакцинација е ревидиран и останати се околу 140.000 граѓани од сите возрасти кои ќе добијат термин за вакцинирање во следните две недели.