На 25, 26 и 27 јуни 2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена засилена контрола во областа на сообраќајот, при што било констатирано дека 141 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, 52 возачи управувале возило без возачка дозвола, девет возила биле со измината регистрација, пет возачи разговарале на мобилен телефон, 50 возачи управувале возило под дејство на алкохол и биле исклучени од сообраќај.
За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.