Во саботата околу 4:10 часот во Полициската станица Прилеп, од Територијалната противпожарна единица Прилеп било пријавено дека на улицата „Рајко Жинзифов“ настанал пожар во патничко возило „сузуки свифт“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Т.М. од Прилеп.
Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Направен е увид од страна на ПС Прилеп.