Викендов се одржа трка од светското првенство во skyrunning на патеката Kaiserkrone во Австрија, што воедно преставува и Австриско државно првенство.
Станува збор за дводневен натпревар каде што има 5 трки, во должина од 115 километри и 8.460 метри елевација, односно висинска дистанца и преставува вистински предизвик дури и за искусните планински тркачи.
Првите 10 тркачи од машка и од женска конкуренција се квалификуваат и продолжуваат понатаму, а токму прилепчанката Мери Мирческа се најде меѓу првите 10 девојки на оваа екстремна трка.