Трендот на поскапување на горивата во државава не стивнува, а Регулаторната комисија за енергетика ги одреди најновите цени.
Од ноќеска на полноќ и во текот на следните седум дена ќе се зголемат за денар и половина кога станува збор за бензините, односно еден денар кога станува збор за дизелот.
Со најновото поскапување, еден литар Еуросупер БС-95 ќе точиме за 71 денар, еден литар Еуросупер БС-98 ќе не чини 73 денари, а Еуродизелот ќе го плаќаме 63 денари за литар наточено гориво.
Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), поскапува за 0,50 денар/литар и новата цена ќе изнесува 62,50 ден/лит, додека цената на мазутот се зголемува за 1,144 ден/кг и ќе изнесува 37,152 ден/кг.