За нешто повеќе од еден ден во Кина успеаја да изградат зграда висока 10 ката, преку модуларен систем со склопување на монтажни единици.
Имено, зградата била подигната од три кранови и голема работна сила за рекордно време, односно 28 часа и 45 минути, откако сите делови биле изработени во локалната фабрика на компанијата и биле пренесени со камиони. Секој стан во зградата има две спални соби и балкон.
Вистинската иновација зад најновиот производ на компанијата е концептот за градење куќи како автомобили. Сè е произведено и склопено во најсовремена фабрика во Чангшу, а потоа се транспортира до посакуваното место за монтажа.
Откако контејнерите ќе пристигнат на посакуваната локација, потребен е само „крајно едноставен“ процес на инсталација што вклучува затегнување на модулот за обликување на зградата и поврзување на електричната енергија и водовод.
Според кинеската компанија, структурата од не’рѓосувачки челик е 10 пати полесна и 100 пати посилна од конвенционалните згради и е отпорна на „мега-земјотреси и тајфуни“. Исто така е значително поевтино да се гради од традиционалните конструкции и згради од карбонски челик, благодарение на голем дел од поедноставениот процес на производство.
Покрај тоа, тие тврдат дека 100% од конструкцијата од не’рѓосувачки челик е 30 пати поотпорна на корозија од карбонскиот челик и очекуваат да трае до 1000 години.