МЗ: Ќе се издава сертификат за прележан Ковид-19 преку „Мој Термин“


Министерството за здравство информира дека во Националниот систем Мој Термин е воведена можноста за издавање на сертификат за прележан Ковид 19.

Сертификатот се издава за сите лица кои во последните 9 месеци биле позитивни на Sars-Cov-2 и се регистрирани како позитивни случаи во Националниот систем.

Сертификатот може да се преземе кај матичниот лекар или со најава на страницата vakcinacija.mk Сертификатот е на македонски и англиски јазик, содржи податоци за лицето (име и презиме, ЕМБГ, ЕЗБО, датум на раѓање, пол) тип на тест, дата на тестирање, дата на позитивен резултат, Здравствена установа (лабораторија) каде е направено тестирањето, како и QR-код.

Сертификатот е заверен со дигитален печат на Министерството за здравство.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи