Владата денеска донесе одлука да се дозволи организирање свадби и во затворени простории со максимум 250 лица, но не повеќе од 40 проценти од капацитетот на просторот, објави министерот за економија Крешник Бектеши.
Претходно на предлог на Комисијата за заразни болести од 1 јуни беше дозволено организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица, но не повеќе од 50 проценти од капацитетот на просторот и до максимум шест лица на маса со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата.