Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски преку својот Фејсбук профил извети дека на денешната седница на Советот на општина Прилеп се донесла одлука за измена и дополнување на Одлуките за субвенционирање на дел од трошоците на граѓаните за купување на грејни тела со инвертор и велосипеди.
„Со цел да им излеземе во пресрет на што поголем број граѓани на општина Прилеп, првично планираните 4.000.000 денари за субвенционирање на инвертори ги зголемивме на 4.142.973 денари, додека на сумата од 1.000.000 денари за велосипеди, додадовме дополнителни 637.495 денари.
Со тоа, Општина Прилеп субвенционира 415 граѓани кои набавиле инвертори, како и 340 наши сограѓани кои аплицирале за набавка на велосипеди“, напиша Јованоски.
До крајот на оваа недела, односно до петок 2 јули, субвенционираните средства ќе бидат префрлени на жиро-сметките на граѓаните.