Преку 150.000 граѓани ќе бидат опфатени со законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на граѓаните во услови на Ковид-19, при што граѓаните ќе треба да ја платат само главнината и тоа на рати, изјави на денешната прес конференција премиерот Зоран Заев.
Со овој закон се опфатени сите долгови на граѓаните кон државни органи, јавни институции и УЈП, а опфатот е заклучно со денот на влегување на законот.
„Државните органи и јавните институции опфатени со законот, како и УЈП, се должни да го утврдат износот на главниот долг, трошоците и каматата за секој граѓанин во рок од 90 дена од влегување во сила на законот. Потоа, најдоцна за 15 дена ќе треба да ги известат физичките лица – нивни должници со јавна објава на официјалните веб страници, преку медиуми или на друг начин“, рече Заев.
Генералната пресметка на долговите е дека граѓаните долгуваат неколку десетици милиони евра, а половина од долгот е од каматите на овие долгови.