Во текот на вчерашниот ден (28.06.2021) во периодот од 08.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 348 возачи.
Од нив, 77 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 15 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Најмногу санкции се изречени на територија на СВР Тетово-70.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.