Најголемата комета некогаш видена е на пат кон Сонцето

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Голем број светски медиуми јавија дека огромен астероид/комета, со пречник од околу 370 километри, е на пат кон Сонцето од граничните подрачја на Сончевиот систем.

Кометата Бренардинели-Бернштајн е 1000 пати поголема од просечната комета. За првпат е забележана во 2014 година на оддалеченост од 4 милијарди километри (30АЕ), приближно на исто растојание коко и Нептун. Од моментот кога првпат беше регистрирана до денес оваа комета пропатува една милијарда километри. Сега кометата се наоќа на оддалеченост од околу 20 АЕ од нас.

Откриена е и именувана од Педро Бернардинели и Гери Бернштајн.

„Имавме привилегија да ја откриеме можеби најголемата комета некогаш видена – или барем поголема од која било проучена – и ја фативме доволно рано за луѓето да гледаат како се развива кога се приближува (до Сонцето) и се загрева“, рече Бернштајн од Универзитет Пенсилванија.

Поради својата големина, некои ја нарекоа „мега комета“. Се проценува дека е широка 94-370 километри. За споредба, Халеевата комета е широка околу 5,5 км.

Се смета дека астероидот кој играл улога во истребувањето на диносаурусите бил широк околу 11 километри кога го погодил Јукатан, создавајќи кратер широк 200 километри.

Доколку „мега кометата“ ја погоди Земјата, тоа би било катастрофално, со глобални последици и климатски промени. Ако го промаши копното и падне во океанот, веројатно ќе предизвика цунами. Сепак, експертите велат дека нема потреба од загриженост.

Според астрономите, Ортовиот облак, распослан зад Плутон и Кајперовиот појас, веројатно крие уште повеќе комети со оваа или слична големина. Тие велат дека овој вид објекти веројатно имал значајна улога во раната миграција на гасните џинови веднаш по формирањето на Сончевиот систем. Па затоа, од пронаоѓањето на објекти со оваа големина е од големо значење за разбирањето на настанокот на нашиот космички дом.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи