Пари во соработка со платформата за бонитетни информации БизнисМрежа.мк, Ви го претставува уникатното издание „100 Најголеми“ компании по приходи во Македонија за 2020-та година. Целта на проектот „100 Најголеми“ е да допринесе кон развој и јакнење на позитивната деловна клима низ промоција на позитивната деловна пракса на најголемите компании по приход, добивка и број на вработени.
НАЈГОЛЕМИТЕ 100 КОМПАНИИ со вкупен приход од 8,4 милијарди евра остварен во фискалната 2020 година ја пребродија кризата. Пад кај приходите е забележан, но само 8 проценти во однос на 2019 година. Од аспект на најголемите 10 компании евидентиран е пад од 12 проценти или годината ја завршиле со вкупен приход од 3,5 милијарди евра.
Листата на најголемите 100 за 2020 година е приновена со 13 нови компании, кои успеале да направат пробив. Од нив само 2 влегле во 50 најголеми. 42% од компаниите имаат послаб ранкинг, во споредба со 2019 година, а само една од нив бележи минимален пораст на приходите. Во топ 100 листата има голем диверзивитет кога станува збор за распонот на приходи и истите се движат од 26 милиони ЕУР до 1.7 милијарди ЕУР.
Погледнете ја листата 100 НАЈГОЛЕМИ ОВДЕ.
Изработил: Pari.com.mk
Извор: БизнисМрежа.мк