Од денеска нема роаминг, зборувајте бесплатно ако сте во Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и БиХ


Од денеска граѓаните од Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина на мобилен ќе разговараат по цени како по дома.

Како што беше најавено се укинува дополнителното тарифирање за роаминг услугите, меѓу шестте земји односно се воведуваат цени за роаминг услуги исти како цените на електронските комуникациски услуги на домашниот пазар.

Тоа значи дека корисниците на роаминг-услугите во земјава нема да доплаќаат повисоки цени од домашните тарифни модели за користење на роаминг-услугите кога ќе патуваат во останатите пет земји потписнички на Спогодбата, без разлика дали станува случај за користење на интернет, говор или СМС. Влезниот повик во роаминг ќе се третира исто како и влезниот повик во домашниот пазар односно без дополнителен надомест за корисникот.

Од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) појаснуваат дека ако досега разговорите со овие земји од соседството чинеле околу 5 денари минута сега се ќе зависи од тарифниот модел што го користите дома.

„Ако дома имате на пример тарифен модел со месечна претплата од 1000 денари, а во него имате неограничени бесплатни разговори и во соседните земји на пример ако сте во Србија разговорите ќе ви бидат бесплатни, значи се е вклучено во претплатата“, појаснуваат од АЕК.

Ова е кај пост пејд корисниците. Кај при пејд корисниците цената на разговорите во земјите од регионот ќе ви биде иста како и дома. Ако дома плаќате пример два денари минута толку ќе ве чини и во Босна на пример. Со тоа што може кај при пејд корисниците разговорите надвор да би биле незначително повисоки.

„Роаминг како дома“ започнува да се применува од денеска, согласно спогодбата која е потпишана од државите од Западен Балкан во 2019. Од 2019 до сега имаше скалесто намалување на цените на сите услуги во роаминг во останатите држави од Западен Балкан.

Со овој режим на наплата се опфатени сите услуги: говор, смс и интернет. При користењето на услугите во роаминг во државите на Западен Балкан ќе се има предвид и политиката на фер користење.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи