Третина од животот го поминуваме во кревет – колку често треба да се пере постелнината?


Третина од  нашиот живот го поминуваме во кревет, па сигурно е логично прашањето колку често треба да ја переме постелнината?

Некои научни истражувања покажуваат дека менувањето на постелнината на неделно ниво може да биде добро за здравјето. Неделното перење на висока температура ќе ги отстрани мртвите клетки (храна за бактериите) како и прашинските грини кои може да предизвикаат алергии. Сето ова може да се насобере во постелнината и по само неколку часа спиење.

Ако треба редовно да ја переме постелнината во текот на целата година, експерт за токсини во животната средина, Тони Харис вели дека ова е особено важно во текот на летото, кога топлината е голема, поради бактериите и непријатните мириси.

„Повеќе се потиме, па бактериите полесно се размножуваат и бидејќи можеме да внесеме алергени како што е полен во креветот, потребно е почесто да се мие постелнината поради симптоми на алергија“, вели Харис.

Секогаш гледајте ги упатствата на етикетите пред перење, перењето да биде на највисока дозволена температура, но со благ детергент, а после тоа, сушете на ниска температура.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи