Инфлуенсерите во Норвешка отсега со закон се задолжени да нагласат кога нивните слики на социјалните мрежи се обработени во фотошоп или друга програма, дури и кога се користени филтри.
Новите регулативи на Министерството за деца и семејство на Норвешка се донесени како резултат на повеќегодишни залагања на малдински групи како обид да се борат против нереалните стандарди за убавина.
„Нè загрижува култура која креира социјална несигурност што придонесува за намалување на самодовербата. Со новиот закон, на реклами и спонзорирани објави на социјалните мрежи на кои карактеристиките на телото се изменети со фотошоп или филтри, тоа ќе мора јасно да се означи. Оние што нема да го направат тоа, ќе бидат казнети“, велат од министерството.
Ова вклучува измени што се направени во големината на телото, обликот или кожата на субјектот, или бил користен филтер. Специфични примери вклучуваат зголемени усни, изменети мускули и стегнати струкови.
Сликите што биле обработени законски се задолжени да имаат етикета на нив дизајнирана од владата што го предупредува прегледувачот.
Според истражувањето спроведено од Министерството, повеќе од половина од средношколките во Осло имаат некакви ментални проблеми, а анорексијата е третата најчеста причина за смрт кај млади девојки.