Од 30 јуни идната година нема да се продолжува пензионирањето до 67 години


Се изгласаа законските измени на Законот за работи односи, а со измените, од идната година веќе нема да може да се продолжува пензионирањето дополнителни 3 години, односно до 67 години возраст. Годинава, до 31 август, ваквото продолжување е можно. Законот ќе почне да се применува од 30 јуни 2022 година.

„Договорот за вработување работодавачот го прекинува кога работникот ќе наполни 64 години возраст и 15 години пензиски стаж, доколку со друг закон поинаку не е уредено“, пишува во Законот за работни односи.

Во измените на Законот за работни односи е наведено дека за поднесените изјави за продолжување на договорот за вработување до 31 август 2021 година, се применуваат досегашните одредби од Законот за работните односи. Притоа, договорот за вработување  важи до истекот на времето за кое е продолжен, а најдоцна до 30 јуни 2022 година.

Според анализите на Министерството за труд и социјална политика има околу 6.000 вработени, како од јавниот, така и од реалниот сектор, кои до крајот на 2020 година ќе наполнат 64 години.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи