Општина Прилеп ja објави финалната листа на баратели кои го остваруваат правото на субвенционирање /надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за набавка на ГРЕЈНО ТЕЛО СО ИНВЕРТЕР и купување ВЕЛОСИПЕДИ за 2021 година.
Според финалната листа, 415 граѓани ги исполниле критериумите за субвенционирање/надоместување на дел од трошоците за набавка на грејно тело со инвертер, а 340 граѓани ги исполниле критериумите а субвенционирање/надоместување на дел од трошоците за купување на велосипед.
Листата на баратели кои ги исполниле критериумите и остваруваат право за субвенционирање/надоместување на дел од трошоците за набавка на грејно тело со инвертер за 2021 година можете да ја видете ОВДЕ.
Листата на баратели кои ги исполниле критериумите и остваруваат право за субвенционирање/надоместување на дел од трошоците за купување на велосипед за 2021 година можете да ја видете ОВДЕ.